Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одржа уште еден „Марш за ангелите“ - родителите бараат правично судење

Се одржа уште еден „Марш за ангелите“ - родителите бараат правично судење

„Маршот за ангелите“ денеска почна од Паркот на револуцијата во Кочани со порака дека се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“. 

Организаторите нагласија дека овој марш не е протест, туку мирен, достоинствен збор против неправдата и потсетување дека зад секој судски предмет стојат човечки животи, семејства и болка што не поминува. Во вторникот во судницата во затворот Идризово беше одржано второто рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ кој се случи на 16 март годинава. Расправата повторно беше одложена, оти адвокатите не го добиле новото обвинение. Родителите велат дека ова е уште едно понижување, уште едно неиздржливо продолжување на болката.

Тие рекоа дека нема да замолчат и дека ќе продолжат да бараат правично судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 млади луѓе, а околу 200 беа повредени. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести