Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одметна ли уште еден Громовец во Собранието?

Се одметна ли уште еден Громовец во Собранието?

По одлуката за независно делување на пратеникот Чедомир Саздовски, од партијата ГРОМ уште еден пратеник видливо постапува надвор од насоките на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за политичарот Панчо Минов кој започна да учествува во работата на Собранието иако од ВМРО-ДПМНЕ дадода насока да се бојкотираат седниците. 

Минов  присуствуваше на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде се разгледуваа измени во Законот за администрацијата како и законот за амнестија.

Тој истакнува дека засега не ја напуштил коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека сака да ја извршува неговата работа во Собранието и да си ја заслужи пратеничката плата.

Можеби од него се уште не пристигнува директна потврда, но неговото име се споменуваше повеќе пати како можна замена за пратениците на Зијадин Села кои би ја напуштиле владината коалиција и со тоа би се повлекле и од парламентарното мнозинство, па така се очекуваше зад Заев да застанат нови пратеници кои би го засилиле мнозинство, а меѓу нив беше и Панчо Минов. 

За него треба да да потсетиме дека е поранешен кадар на СДСМ кој имаше големо влијание на локално ниво, но се повлече од партијата заедно со Стевчо Јакимовски бидејќи немаа трпение да чекаат одлука за бојот на локалните избори во 2013 година на кои, сепак подоцна СДСМ како опозициска партија реши да учествува, па таквиот потег никогаш не им беше простен, ниту тоа што со новоформираната партија ГРОМ подоцна коалицираа со Никола Груевски и се претворија во негова ударна тупаница.

Слично

Поврзани вести