Се одложува рочиштето за екстрадацијата на Грујевски и Бошковски
За 9 март е одложено рочиштето во Врховниот суд во Атина на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Рочиштето е одложено поради отсуството еден од адвокатите, објави Радио Слободна Европа.
Тие остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни процеси.
Слично
