Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОДЛОЖИ ПРОЦЕСОТ ЖАН МОНЕ: Koи се причините?

СЕ ОДЛОЖИ ПРОЦЕСОТ ЖАН МОНЕ: Koи се причините?

Процесот Жан Моне се одлага за во месец мај. 

Разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан се одложени за во мај. 

Одложувањето е поради организациски причини, велат од канцеларијата на Вајгл. Првично, се најавуваше средбата да се оддржи во средината на март во Охрид, со присуство и на еврокомесарот Хан.

Во процесот Жан Моне треба да се разговара за собранискиот деловник и етичкиот кодекс. 

„Теми на дискусија ќе бидат промените на Деловникот во однос на времетраењето односно злоупотребата на седниците како што имаше во минатото, планот „3-6-9“, етичкиот кодекс кој се однесува на поведението на пратениците, извештајот на Прибе, внатрешната сигурност на Собранието. Сега постои комуникација имаме со сите политички партии на сите нивоа, постојат разговори и за законите кои треба да се донесат со двотретинско мнозинство“ – рече спикерот Талат Џафери минатата недела на брифинг со новинарите. 

Средбата се иницира за подобрување на дијалогот меѓу пратеничките групи по собраниските настани од 27-ми април минатата година. 

Претходно беше најавено дека средбата ќе се одржи од 15 до 17 март и дека на неа ќе присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан. 

Слично

Поврзани вести