„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'
Тажна вест објави утрово Ленин Јовановски, кој во нашата јавност е доста познат како од неговите активности во областа на мото клубот, но и како претставник на приватните превозници на кои извесен период им беше лидер како сопственик на „Слобода превоз“.
Јовановски е претставник и на мото клубот „Ноќни волци“, со кои честопати имаа свои активности, но овој пат тој се огласи со тажна вест.
Истакнатиот член на мото клубот, но и пријател на Јовановски, Димитар Почевски почина.
- Се одјави нашиот брат Dimitar Skopje Pochevski, член на Ноќни Волци, градски лик, мој партнер во мезе бар „Општина" и човек со вонреден интелект.
Многу ќе ни недостасува , на многу од нас со кој другаруваше.
Бог да го прости ! - напиша Јовановски на Фејсбук, споделуваќи фотографии со Димитар.
Неговата објава за кратко време предизвика бројни коментари и зачуденост кај пријателите на Јовановски.
