СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕБЕЛИНАТА: Најдебелиот човек во земјава има 288 килограми
Најдебелиот човек во Македонија има 288 килограми.
Oколу 35 отсто од населението во земјата страда од дебелина, од кои 15 отсто се деца, додека 20 отсто се возрасни луѓе. При одбележувањето на Светскиот ден на дебелината е нагласена потребата од отворање нови центри за лекување на овие пациенти, бидејќи двата постоечки центри не можат да ги прегледаат сите пациенти.
Од здружението на пациенти со дебелина велат дека оваа болест доведува и до други сериозни состојби како што се дијабетес, срцеви заболувања и слично.
Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека наскоро во Прилеп ќе биде отворен центар за лекување на пациенти со дебелина.
foto freepik.com/Anastasia Kazakova
Слично
