Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекуваат врнежи и грмотевици, а од сабота и затоплување

Се очекуваат врнежи и грмотевици, а од сабота и затоплување

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се движи од 15 до 21 степени.

На повеќе места утре ќе има зголемена облачност, проследена со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има и врнежи од снег. Од утре до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието.

Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.

Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата.

Слично

Поврзани вести