Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекуваат првите снежни врнежи и на пониските места

Се очекуваат првите снежни врнежи и на пониските места

Метеоролозите предвидуваат влошување на временските услови со можности за прв снег низ градовите кој ќе се спушти од повисоките места. 

Од утре, под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник се очекува многу студено и ветровито време со провејување на снег, како на повисоките, така и на пониските делови од земјава.

Во среда ќе биде сончево, а од четврток времето повторно ќе се наоблачи.


Слично

Поврзани вести