Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска
Поминаа два дена откако Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и во наредниот период се чека наредба од Кривичниот суд таа да биде извршена.
Полициските патроли и денес се во близина на нејзиниот дом, каде се проверуваат сите автомобили и возачи. После викендот, одлуката на Врховниот суд се очекува да биде доставена утре во Основниот суд, кој мора да ја напише наредбата за издржување на затворската казна.
Јанкуловска е осудена во случајот „Тенк“ за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузен мерцедес од 600.000 евра.
Слично
