Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекува дожд, локално и над 30 литри на квадратен метар

Се очекува дожд, локално и над 30 литри на квадратен метар

Од понеделник ќе имаме промена на времето во Македонија. 

Се до четврток, под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. 

Можна е и ретка појава на грмежи и засилен ветер, особено во понеделник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Вкупната количина на наврнат воден талог локално ќе надминува 30 литри на квадратен метар, објаснуваат од УХМР. 

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда. 

Во понеделник температурите ќе бидат до 17 степени, во вторник до 15, во среда до 13, во четврток до 16 и петок до 15 степени. 

Слично

Поврзани вести