Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се обиделе насилно со пиштол да влезат во автобус на ЈСП

Се обиделе насилно со пиштол да влезат во автобус на ЈСП

Две лица попладнево се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус број 16 на Јавното сообраќајно претпријатие, потврдија од полицијата за МИА.

Во 13.30 часот е пријавено дека во автобус број 16 на улица „11 Октомври“ во близина на Собрание на РМ, две лица со возило застанале до автобусот и се обиделе со употреба на пиштол насилно да влезат во него.

Откако не успеале во обидот почнале да бегаат во насока кон Драчево, по што едниот од нив е приведен во полициска станица Кисела Вода, а по другото лице се трага.

Полицијата го пронашла пиштолот затоа што тие додека се возеле го фрлиле пиштолот по пат. Се работи на расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести