Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се намалува ДДВ-то за бебешка опрема, училишен прибор и сточна храна

Се намалува ДДВ-то за бебешка опрема, училишен прибор и сточна храна
Владата донесе одлука за измена на Законот за Данокот на додадена вредност, со која стапката на ДДВ за бебешка опрема, училишен прибор, сточна храна и адитиви за сточна храна се намалува од 18 на 5 проценти. Според премиерот Никола Груевски новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што треба да се случи кон крајот на мај или во почетокот на јуни. „Ќе им се помогне на родителите за намалување на нивните трошоци за децата, како и на производителите на сточна храна и на месни и млечни производи, а индиректно и на македонското стопанство заради подобрување на конкурентноста и овозможување дел од македонските млечни и месни производи да се пласираат и на странските пазари поради поконкурентна цена која ќе ја имаат“, изјави Груевски. Фискалните импликации што ќе ги предизвика законското решение ќе изнесуваат 380 милиони денари на годишно ниво или половина за годинава бидејќи остануваат уште шест месеци до крајот.
Слично

Поврзани вести