Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се намалил бројот на родители со став дека нема ефект од учењето од далечина

Се намалил бројот на родители со став дека нема ефект од учењето од далечина

Според истражувањето на УНИЦЕФ, и директорите и наставниците во просек дале повисоки оценки за надлежните органи во поглед на јасноста на насоките кои ги добиваат за организација на наставата на далечина, споредено со претходната учебна година.

Во истражувањето се констатира дека онлајн-наставата оваа учебна година била поорганизирана од второто полугодие од претходната 2019/20 учебна година, оценуваат директори, наставници и ученици како учесници во образовниот процес.

Двојно се намалил процентот на родители кои сметаат дека учењето на далечина не е ефективно. Ако минатата година 49 отсто одговориле дека учењето на далечина не е ефективно, оваа учебна година само 26 проценти го делат овој став.

„Речиси половина од родителите чии деца имале настава на далечина (48%) го оценуваат работењето на наставниците со одличен пет, а дополнителни 26% со многу добар четири“, покажува истражувањето.

- Како и сите земји во светот и ние се соочивме со предизвикот за брза реорганизација на наставата во услови на пандемија. Сите знаеме дека не беше лесно, но дека вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година, што ни го потврдува и самото истражување, рече министерката за образование Мила Царовска на презентирањето на заклучоците.



Слично

Поврзани вести