Се најавува невреме за викендот
Според најавите на синоптичарите, во Македонија за време на викендот ќе имаме невреме.
На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата особено на северот значително ќе се намали“, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура утре ќе биде од 10 до 20 степени, а дневната од 18 до 29 степени.
Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 23 степени.
Локална нестабилност ќе има и задутре кога минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 24 до 32 степени.
Стабилизација ќе има во новата работна недела.