Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се модернизира „европската“ зоолошка пред промоцијата на двете слоници

Се модернизира „европската“ зоолошка пред промоцијата на двете слоници

Под новиот слоган „За европска Зоолошка“, кој потсетува на предреферендумскиот „Излези ЗА европска Македонија“ продолжува модернизирањето на скопскиот ЗОО-парк пред пристигнувањето на двете слоници во новото живеалиште.

Денеска во Зоолошката градина во Скопје беа поставени нови тоалети на две локации. Покрај стандардни тоалети има тоалет за хендикепирани лица и специјална просторија за пресоблекување на бебиња.

Поставени се и нови едукативни табли пред секое живеалиште на животните.

Во Зоолошката се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници што ќ се случи оваа сабота.

На промоцијата на слониците е закажан голем хепенинг, а се очекува повеќе од 10.000 посетители.

Во Македонија последниот жив слон живееше во 1992, жотел на скопската ЗОО.

Слично

Поврзани вести