СЕ МЕША ЛИ ВМРО ДПМНЕ ВО СУДСТВОТО: Ќе ја добие ли опозицијата бараната амнестија?
Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ официјално побара целосна амнестија за 33 лица на кои им се суди за учество во насилниот упад во парламентот кој се случи минатата година на 27 април.
Повеќе од 100 луѓе, меѓу кои беа и пратеници и новинари, се повредени на „крвавиот четврток“ кога демонстранти влетаа во парламентот во Скопје за да се обидат да го блокираат изборот на Талат Џафери за собраниски претседател.
Меѓу обвинетите се екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков и петмина пратеници од опозицијата.
СДСМ барањето на опозицијата го опиша како „брутално мешање во судството“.
Слично
