Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА: Владата одлучува за новите мерки

СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА: Владата одлучува за новите мерки

Владата на денешната седница ќе го разгледа предлогот сите граѓани или странци да имаат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за неодамнешен прележан ковид при влез и излез од земјата.

Министерот за здравство Венко Филипче, излезе со таква информација, наведувајќи дека за овој предлог се разговарало на состанокот на Комисијата за заразни болести утрово.

„Утре ќе разговараме за мерката, како и за моментот кога ќе се примени, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од земјата“, рече министерот Филипче.

Нови рестриктивни мерки за борба против коронавирусот стапија на сила во земјата од вчера.

Меѓу другото, потврда за примената вакцина против коронавирус или потврда дека лицето се заразило со коронавирус во претходниот месец и половина, ќе треба за лицето да влезе во угостителски објекти и организирани собири.

Одговарајќи на новинарско прашање за повратниците од Авганистан, Филипче рече дека прво се разговарало за задолжителниот 14-дневен карантин, кој ќе и биде предложен на Владата и дека ќе се препорача нивна вакцинација против ковид-19.


Слично

Поврзани вести