Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се менува Законот за абортус за да нема ризик по здравјето на жените

Се менува Законот за абортус  за да нема ризик по здравјето на жените

Законот за абортус ќе се менува, ќе се укининат советодавните комисии за да се скрати постапката за жените кои ќе се одлучат да ја прекинат бременоста.

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека ќе се менува законот со којшто се овозможува абортус. Ќе се укинат дел од комисиите и советувањето пред да се одобри прекин на бременоста. Со ова ќе се прифатат барањата на невладините организации коишто бараа да се укинат пречките за абортус.

Со промените кои беа направени пред неколку години многу се усложни процедурата, се воведоа многу административни процедури, а сметаме дека дел од нив траат толку долго што може дури и да го загрозат здравјето на жената, рече министерот Филипче.

На средбата со женските организации по повод 8-ми Март, министерот за здравство ги слушна мислењата на жените со цел да се изнајде најдобро решение за Законот за абортус.

Слично

Поврзани вести