Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се лизнал од карпа и загинал во Охридското езеро

Се лизнал од карпа и загинал во Охридското езеро


Едно лице е пронајдено мртво утрово во водите на Охридското Езеро.

Според првичните информации се работи за несреќа со трагични последици, а телото е пронајдено кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“.

Најверојатно станува збор за рибар од Охрид кој се лизнал од карпата од која ловел риба.

Случајот за МВР го потврди и портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на несреќата и вршат контрола.


Слично

Поврзани вести