Се лажете дека со вакви финти ќе не поколебате: Левица тврди дека власта им саботира прес конференција
Борислав Крмов, еден од двајцата пратеници на Левица во Парламентот обвини дека била саботирана прес конференцијата која планиралда ја држи денеска во законодавниот дом.
„Пред малку власта ја саботираше прес конференцијата на Левица за пописот, која што требаше да се одржи денес во Собранието во 12:30 часот. Иако уредно закажана од 11:00 часот, дописот го пратиле цел час подоцна и новинарите не можеа да стигнат.
Се лажете дека со вакви смешни финти ќе не поколебате. Утре ќе го држиме пресот во 11:30 уште пожестоко, вели Крмов.
Постот го сподели и лидерот на Левица Димитар Апасиев.
Слично
