Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ КРЧКААТ ТЕНЗИИ ОКОЛУ ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ ВО БУТЕЛ: ДУИ обвинува, Костовски возвраќа!

СЕ КРЧКААТ ТЕНЗИИ ОКОЛУ ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ ВО БУТЕЛ: ДУИ обвинува, Костовски возвраќа!

Откако градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека до градот Скопје поднел иницијатива за враќање на старите имиња на улиците, ДУИ излегоа со обвинување.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку писмено соопштение остро реагира на иницијативата на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, за враќање на старите имиња на четириесетина улици во Општината. Според ДУИ, станува збор за оспорување на имиња на улици кои се именувани по албански личности, што, како што велат од партијата, е шовинистичка и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која сериозно ги „предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата“.

 „Демократската унија за интеграција остро реагира на шовинистичката и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани, стравувајќи од кривично гонење за тековните криминали на своите функционери и жедна за власт, сериозно го предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата. Неодамнешната одлука на општина Бутел да ги оспори само албанските имиња на улиците на оваа мултиетничка општина во Скопје е уште една провокација која заслужува остра осуда од сите“,се наведува во соопштението од ДУИ.

Иако во реакцијата, од ДУИ се наведува одлука, станува збор за иницијатива на градоначалникот на Бутел, Костовски, до Градот Скопје, за која тој вчера информираше на својот фејсбук-профил.

По нивното обвинување, се јави Костовски со изјава, дека тоа е иницијатива на граѓаните а не негова и дека меѓу барателите за враќање на старите имиња на улици има и жители - Албанци.

ДУИ може да предава како се создава шовинистичка политика, најмалку да обвинува други за истата.

„Не станува збор за моја иницијатива, туку за иницијатива на девеесетина потпишани граѓани меѓу кои Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми. Иницијативата ја препратив до надлежната институција Град Скопје, во случајов и лично ја поддржувам бидејки станува збор за рационално барање.

Од вкупно 38 улици, 18 се со албански имиња, што значи тезата дека станува збор само за албански улици се поништува.

Покрај тоа што советниците на ДУИ и Алтернатива ја имаа на увид граѓанската иницијатива, сепак тие одлучија грубо да ги лажат сограѓаните албанци дека станува збор за менување на улици само со албански имиња.

Општина Бутел е мултиетничка општина, со вакви несериозни и лажни обиди за добивање политички поени нема да постигне ништо ниту ДУИ, ниту било која друга партија.“ истакна Костовски.



УШТЕ КОЛКУ ПАТИ ЌЕ ТРЕБА ДА МЕНУВАМЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ? Само што сменија адреси, Бутелчани пак ќе добијат улици со старо-нови имиња:Костовски бара враќање на старите имиња на улиците


Слично

Поврзани вести