Се крчкаат измени, МВР ќе ги прати гумените куршуми во историјата
Полицијата повеќе нема да употребува гумени куршуми и електрични парализатори. Забрнана за употреба МВР ќе стави и на физичка сила, полициска палка, хемиски средства, службени кучиња, специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства при нарушен јавен ред и мир.
Ова го предлага МВР во новипт Закон за полиција кој се крчка.
Со новите измени, кои се подготвуваат, членот 91 од Законот за полиција, во кои е уредена употребата на овие средства, е поделен во два става. Во првиот се наведува дека „во случај кога се воспоставува нарушен јавен ред и мир во поголем обем, може да се употребат средствата за присилба и тоа: физичка сила, полициска палка, средства за врзување лица (лисици), уред за присилно запирање возила и службено куче“.
Во ставот 2 се додава дека „покрај средствата за присилба од ставот 1, може да се употребат и специјални возила за јавен ред и мир, пиротехничко-експлозивни средства и хемиски средства“.
Гумените крушуми и електричниот парализатор не се дел од средствата за присилба, односно се исклучуваат од употреба.
Со новите измени се пополнува и дупката во актулениот Закон, околу тоа кој може да издаде наредба за употреба на средствата за присилба.
„Од страна на експертите беше забележано дискреционо право на полициските службеници при примената на овие средства за присилба и недостиг од одредби со кои се уредува рангот на полициски службеник кој ја одобрува употребата на наведените средства за присилба“, стои во образложението на предлог-законските измени.
