СЕ КРЧКА ЛИ УШТЕ ЕДЕН ШТРАЈК: И полицијата бара покачување на платите!
Полицискиот синдикат, во име на вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Национална безбедност, Агенцијата за Разузнавање и Управата за Финансова полиција, бараат покачување на платите.
„Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Национална безбедност, Агенцијата за Разузнавање и Управата за Финансова полиција секојдневно покажуваат на дело како се
сака таткоината и како се извршува
службата што им ја доверила истата.
Исправени гордо пред браникот на нашата
држава ја манифестираат нивната човечност
и саможртва оставајќи пример за идните
генерации, пример за тоа како се сака и
почитува својата татковина во време на
бројни предизвици со кои секојдневно
се соочуваме во минатото но и денес,
дослено ги извршуваат своите работи и
работни задачи согласно законската
регулатива.
Водени од практиките од соседните земји и земјите од Европската унија и финансиската состојба на нашите членови од Ваша страна, бараме платите на нашите вработени да бидат покачени за најмалку 2о проценти“ се вели во нивното барање.
