СЕ „КРЧКА“ ЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС - ќе има забрана и посебен режим на движење
Денеска ќе има нова Владина седница, а на неа ќе се разгледуваат мерки за забрана и посебен режим на движење, кои треба да ги предложи Комисијата за заразни болести.
Какви ќе бидат мерките, ќе се знае денеска, но сигурно дека ќе бидат ригорозни.
Владата на вечерашнава седница ја задолжила Комисијата да ги подготви мерките.
„Се задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота)“, се вели во владиното соопштение.
Владата го задолжила д-р Венко Филипче, министер за здравство, да определи двајца епидемиолози што ќе присуствуваат на седницата на Влада, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки на членовите на Владата.
