СЕ КАРАЛЕ ВО АВТОМОБИЛОТ, ПО ШТО НЕКОЛКУ ПАТИ ГО УДРИЛА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ВО ГЛАВАТА - обвинителството го разјасни случајот за малолетната девојка
Многу појасни стануваат рабпотоите откако околу случајот со починатиот малолетник пронајден во реката Пена се огласи и обвинителството.
Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднело барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривично дело Убиство од член 123 став 1 од КЗ.
„Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил предлог за определување мерка притвор.
Слично
