Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ КААМ ШТО НЕКОГАШ И ДАДОВ ПОДДРШКА НА ДАНЕЛА: Ѓорѓиевски нема да ја плати казната од 90 илјади евра

СЕ КААМ ШТО НЕКОГАШ И ДАДОВ ПОДДРШКА НА ДАНЕЛА: Ѓорѓиевски нема да ја плати казната од 90 илјади евра

За депонирањето на отпадот во Дрисла, казна добил и градоначалникот на општина Сопиште. Двајцата ќе треба да платат околу 140 илјади евра за отпадот, информираше градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

За тоа дали и Муцунски добил казна, бидејќи и тој вечерта беше таму, Ѓорѓиевски рече дека нема информации.

„Обидот да ми пише казна по џебот на граѓаните во оштината, покажа дека ниту си ги знае ингеренциите, ниту надлежностите и што е најстрашно ниту пак знае која е територијата која истата ја администрира. Знаете дека по неколкудневно нечистење на сметот и претворање на градот во една голема депонија, ние како општини со помош од наши колеги излеговме на терен да се справивме со проблемот кој го создаде Данела Арсовска, Комунална хигиена и Градот Скопје, земајќи во предвид дека нашите сограѓани плаќаат за тоа. Почнавме самите да се справуваме со отпадот. Неколку камиони беа упатени кон Дрисла и за чие одлагање нема потреба од никакво договор кои тие го спомнуваат бидејќи има одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени дека можат да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати“ рече градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање, зошто депонирал отпад таму ако знаел дека ќе го казнат, Ѓорѓиевски истакна дека уште вечерта рекол, подобро тој да сноси последици, отколку граѓаните на Кисела Вода.

„Ние немавме друга опција освен да го оставиме ѓубрето таму. Втората опција беше да го вратиме во општината, а тоа е недозволиво“ рече тој.

Ѓорѓиевски истакна дека трпи многу опструкции од Арсовска.

„За секој проект, дали било водоводна мрежа или нешто друго, јас со месечи чекам од сите јавни претпријатија. Тоа е опструкција и класично изживување, но тоа нема да и помине“ нагласи Ѓорѓиевски.

Рече дека се кае што некогаш и дал подршка на Арсовска. 

„Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира “додаде Ѓорѓиевски.


ФОТО:Фејсбук

Слично

Поврзани вести