Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ЈАВИЈА ОД ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО: Цврсто стоиме зад братот Жаре

(ВИДЕО) СЕ ЈАВИЈА ОД ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО:  Цврсто стоиме зад братот Жаре

Од организацијата Христијанско братство, чиј член е Жарко Гроздановски, осомничен за убиство на охриѓанецот Климе Митрески поради користољубие, излегоа со поддршка за него.

Во обраќање објавено на социјалните мрежи, член на организацијата порача дека тие „цврсто стојат зад братот Жаре“ и апелираше до јавноста да не носи заклучоци пред да се утврди вистината во постапката. 

„Ние како членови на Христијанско братство цврсто стоиме зад братот Жаре и ве молиме не го осудувајте човекот пред време,  додека не се докаже спротивното“, се наведува во објавата. 


Божидар Грозданоски, синот на Жарко Грозданоски се пожали на медиумски линч. 

Oбвинителството отвори истрага за убиство од користољубие во Охрид. 

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие убил едно лице. 

„Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го раскине договорот за доживотна издршка кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година. Според договорот, осомничениот по смртта на оштетениот требало да добие голем имот. Но, тој веќе презел дејствија за раскинување на тој документ. По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото. Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази. Во конкретниот случај сомненијата упатуваат на особено тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, што го прави ризикот од бегство значителен, а од извршувањето на делото осомничениот веќе презел дејствија за прикривање на трагите“, велат од ОЈО. 

Адвокатот на жртвата изнесе свој став за трагедијата. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести