СЕ ЈАВИ УШТЕ ЕДНА ПАРТИЈА: И тие се против промена на државниот грб
Уште една политичка партија е против промената на државниот грб.
За ДОМ е неприфатлив предлогот за промена на државниот грб и ја повикува власта да не прави дефокус на јавноста од потребата да се фати во борба против корупцијата, аерозагадувањето, здивените цени во маркетите и на електричната енергија, а се заради зголемување на сопствениот рејтинг пред претстојните локални избори.
И од ЗНАМ се против промената на грбот.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека грбот треба да се смени. Минатата недела, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека со Вреди разговараат за промена на грбот. Но, албанските партии велат дека во ист пакет, треба да се смени химната, но и албанскиот јазик да го внесат во Уставот.
Слично
