СЕ ЈАВИ КРЕАТОРОТ НА VAKSAJNS.MK: Повикан е во полиција
Креаторот на страницата vaksajns.mk, која води до официјалната страница, vakcinacija.mk, Адил Бакиу, објави статус на својот Ферјсбук профил, во кој посочува дека е повикан во Полициската станица-Карпош
-Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години, наведува Бакиу во неговата објава.
Инаку, како што претходно објави Фактор, упте вчера попладне во Министерството за здравство, збунети граѓани барале одговори на која страница може да пополнат апликација со која се регистрираат за вакцината против Ковид-19. Оттаму ни посочија дека случајот е пријавен во МВР во Секторот за компјутерски криминал.
-Единствената веб страница на која граѓаните преку пополнување на апликација искажуваат интерес за вакцинација против Ковид-19 е www.vakcinacija.mk. Страницата која ја посочувате утринава е пријавена во Министерството за внатрешни работи и не е веб страница зад која стои Министерството за здравство ниту пак Националните систем МојТермин, велат од Министерството за здравство. Истовремено, онлајн пријавување за вакцинација досега направиле повеќе од 20.000 граѓани.
