Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЈАВИ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ: Нема да гласам против Владата

СЕ ЈАВИ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ: Нема да гласам против Владата

Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија, изјави предмалку на фејсбук пратеникот Кастриот Реџепи. Тој не влезе во собраниската сала денеска на седниацата на која се гласа недоверба на Владата. Објасни и зошто.

„Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има големи шанси за почеток на преговорите за членство со ЕУ, одлучив да не учествувам на парламентарната седница каде требаше да се одлучи да се стави под знак прашалник мојата стратешка национална и државна определба. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.

На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати, додаде тој.



Слично

Поврзани вести