Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се јави Кастриот Реџепи: Кога ќе поминат заканите ќе каже што се случило

Се јави Кастриот Реџепи: Кога ќе поминат заканите ќе каже што се случило

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од самиот пратеник Кастриот Реџепи кој од утрово е недостапен.

Тој вели дека е добро и откако ќе поминат заканите ќе раскаже се што се случило.

„Претседателот Биљал Касами и останатите во Беса немаат потреба да бидат загрижени, јас сум добро и на сигурно, јас сум со Албанците и со сите граѓани на државата кои сакаат мир и просперитет во земјата и продолжување на НАТО и ЕУ курсот. Да се ангажираме сите за добро на државата, народот и демократијата, на сите, Албанци, Македонци и сите други кои живеат во Северна Македонија. Ви благодарам“, порача Реџепи.

Партијата БЕСА го пријави за исчезнат. 

Слично

Поврзани вести