СЕ ЈАВИ И ЗДРАВКО САВЕСКИ: Ајде и јас да го прашам премиерот - дали е точно дека го инструиравте судството да му ја даде Левица на Апасиев
Здравко Савески, професор и некогашен сопартиец во Левица на Димитар Апасиев, лидерот на партијата, реши да постави прашање до премиерот Зоран Заев, по вчерашната епизода меѓу премиерот и Заев во Собранието.
Савески, преку пост објавен на неговиот фејсбук профил, се интересира дали е точно дека премиерот го инструирал судството да му ја даде Левица на Апасиев.
„Ајде и јас да поставам прашање до Заев.
Дали е точно дека го инструиравте судството да му ја даде Левица на Апасиев и покрај тоа што тој изврши кривично дело фалсификување на документи, за што се оди во затвор? Дали е точно дека ја направивте таа пресметка за овој „војвода“ да краде гласови од ВМРО?
Зашто, да не се лажеме, без неговото крадење на гласови, ВМРО а не СДСМ ќе беа први на изборите и можеби тие ќе формираа влада по изборите“, напиша Савески на својот профил.
Инаку вчера на седницата за пратенички прашања Апасиев го праша Заев дали се обидел да поткупи пратеници на опозицијата, по што овој му возврати дека не го личи политички лидер да обвинува со претпоставки и дека тоа е исто како „власта да каже дека му обезбедиле ресурси на Левица за да одзема гласови од ВМРО-ДПМНЕ“.
Слично
