Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЈАВИ ГРУЕВСКИ СО ДЕМАНТ:Јас и моите соработници сме под прогон за несторени работи, измените на кривичниот закон имаат минорно учество, за нив се зборува со години!

СЕ ЈАВИ ГРУЕВСКИ СО ДЕМАНТ:Јас и моите соработници сме под прогон за несторени работи, измените на кривичниот закон имаат минорно учество, за нив се зборува со години!

Екс премиерот на Македонија, Никола груевски, на фејсбук се огласи со демант за шпекулациите дека измените во Кривичниот законик всушност се договорени за тој да може да се врати во земјава, а тој за возврат да обезбеди гласови за уставните измени.

„ Партиите, директно или преку нивните интернет ботови и нивните приврзоци во медиумите во Македонија во отсуство на конкретни дела, визија, понуда, проекти и решенија за проблемите на народот во Македонија редовно се препукуваат, и на секој два-три месеци им паѓа на памет спиновите да ги насочат кон мене во правец на некакви мои непринципиелни договарања со некого или нешто, заговори и слично, па веќе неколку години периодично се јавува потреба да ги демантирам, исто како што тоа го правам и сега во оваа прилика во која повторно го демантирам истото.

Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години, и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат.

Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество.

Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за не сторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и сеуште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех.

И имаат причина за страв!“ напиша тој.



Слично

Поврзани вести