Се јави Богоевски: Поднесувам оставка без разлика на исходот со мандатот на Груевски
Павле Богоевски, пратеникот во оставка, се огласи откако комисијата за мандатно-имунитетески прашања на денешната седница го изгласа предлогот да му се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски. Богоевски е оретседател на комисијата, но не ја водеше бидејќи е во оставка. Иако раководството на ВМРО-ДПМНЕ им укажа дека може слободно да гласаат позитивно, пратеничката групша во комисијата беше воздржана. Предлогот се сели на пленарна седница во Собранието, каде што се потребни 80 гласа, односно двотретинско мнозинство за одземањето на мандатот на Груевски.
„Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство. Според Деловникот, за мандатот на НГ треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот“, напиша Богоевски на својот профил на „Фејсбук“
Поранешниот член на „Шарената револуција“ и независен пратеник ја објави својата оставка минатата недела кога започна комисиската расправа по обелоденетата аудио-снимка за која тој твди дека нарачувам ласло од канабис. Опозицијата сакаше на дневен ред да биде ставена и предлог за морална одговорност на Богоевски за кршење на етичкиот кодекс, но тој веднаш потоа ја објави оставката, што беше и политички преседан во македонската политика.
