Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ИЗВАКЦИНИРАА И КАФЕЏИИТЕ: Вчера прва доза примиле само 873 граѓани

СЕ ИЗВАКЦИНИРАА И КАФЕЏИИТЕ: Вчера прва доза примиле само 873 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Заклучно со 6 октомври вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓани. Инаку 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. 

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти , а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.


Слично

Поврзани вести