Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ИЗЛЕА РЕКАТА ЛУДА МАРА: Невреме го зафати Кавадарци

СЕ ИЗЛЕА РЕКАТА ЛУДА МАРА: Невреме го зафати Кавадарци

Невреме го зафати Кавадарци, се излеа реката Луда Мара, блокирани се улици од паднати дрвја. 

„По обилното невреме што го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, настанати се последици од ова кратко, но силно невреме“, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

Тој напиша дека се апелира до граѓаните, да останат во своите домови, затоа што некои улици се блокирани од паднати дрвја, а на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме. 

„На терен се службите на ЈП Комуналец како и ТППЕ Кавадарци. Исто така се апелира до граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300“, појасни Јанчев.

Не се знае дали има штети на земјоделските култури. 

Невреме вчера го погоди Делчево, каде имаше поплавени улици и одрони. 

Слично

Поврзани вести