Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ИЗЈАСНИЈА: Нема да гласаат за Протоколот за членство на Македонија во НАТО

СЕ ИЗЈАСНИЈА: Нема да гласаат за Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Нова демократија нема да гласа за  Протоколот за членство на Скопје во НАТО.

Денес сме овде да разговараме за последниот, формален чекор за една донесена обврска за земјата, веќе донесена одлука од ратификацијата на штетниот Договор од Преспа, изјави надлежниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос говорејќи како известувач за нацрт законот пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент. 

Тој го повтори ставот на Нова демократија дека нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.

Причина е штетниот договор кој вели дека грчкиот народ не го прифаќа. 

„Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќањето од Грција дека постои наводен македонски јазик и националност е основа за развој на на пост-преспанскиот иредентизам на Балканот -рече пратеникот од Нова демократија.

Кумуцакос порача дека Договорот од Преспа не е балансиран, а „грчкиот народ никогаш нема да го засака“.

Во грчкиот Парламент утре ќе се гласа. 

Слично

Поврзани вести