Се избриша името ВМРО од музејот кој е под лупа на Министерството за култура
Работната група формирана од Министерството за култура за преиспитување на оправданоста на постоењето на „Музеј на македонската борба за државност и самостојнос/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ како културно наследство одлучи да се промени името на оваа национална установа.
Оделуката е досегашниот назив да се скрати и да се преименува во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“.
Постои консензус во групата да се преуреди музејот, бидејќи сега тој не го отсликува националното битие на Македонија туку ги согледува настаните и процесите низ партиска призма..
Во извештајот се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Закон за буџет и Закон за спороведување на буџет, Закон за музејска дејност, Закон за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање на партиски митови.
