Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се избира судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права

Се избира судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права

Собраниска делегација од Македнонија денеска ќе учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 10-ти до 14-ти октомври 2016-та година во Стразбур, Франција.

На сесијата ќе се избира судија од Република Македонија во Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП).

Делегацијата од земјава ја сочинуваат Александар Николоски, Рената Дескоска, Владимир Ѓорчев и Имер Алиу.

Како што соопшти собраниската прес-служба, предвидено е Николоски, во својство потпретседател ПССЕ, функција која ја извршува во текот на 2015 и 2016 година, да претседава со Парламентарното собрание на СЕ во среда претпладне.

На состанокот минатата недела  на 29 и 30 септември 2016 година во Париз имаше разговори со сите кандидати, по што со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, пред Јован Илиевски.

Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не влегува според документот во завршната фаза на гласањето.

Слично

Поврзани вести