Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се гради првиот тренинг центар за туризам во Македонија.

Се гради првиот тренинг центар за туризам во Македонија.
Првиот тренинг центар за туризам во Македонија ќе биде сместен во Демир Капија, информира денеска градоначалникот Трајче Димитриев. Овој тренинг центар е дел од проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а чини повеќе од 300 илјади евра. - Старата зграда ќе биде комплетно реновирана и во неа ќе има три училници, кујна, три канцеларии, сала за состаноци, сите опремени со најсовремена опрема. Изведувач на работите е компанијата „Универзал градба”, а реконструкцијата треба да заврши во април следната година, изјави градоначалникот Димитриев.
Слично

Поврзани вести