Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Прилеп се гради пречистителна станица за отпадните води

Во Прилеп се гради пречистителна станица за отпадните води

Почнаа подготовките за реализација на проектот за пречистителна станица за отпадните води во Прилеп кој се финансира од европски пари. Прво треба за се завршат геодетските мерења на улиците „Вера Циривири“ во населбата Рид и на улицата „Тризла“ каде ќе се ставаат големи колектори зашто проектот предвидува, во првата фаза, обнова на 23 километри канализациска мрежа.

Во втората фаза од проектот пак се предвидува обновување на уште 40 километри од прилепската канализација.

Првата фаза ќе чини околу 20 милиони евра, а дополнителни 10 милони ќе треба да се обезбедат за целосно завршување на проектот кој треба овозможи Прилеп да стане еден од најчистите градови во регионот.

Слично

Поврзани вести