Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ГРАДИ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ: Колку станови се планирани за градба во мај?

СЕ ГРАДИ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ: Колку станови се планирани за градба во мај?

Во мај 2018 година, се издадени 222 одобренија за градење,  што е за 7.9 % помалку во однос на истиот месец лани.

Предвидената вредност на објектите е 3 529 344 илјади денари, 
и тоа е за 4.2 % помалку во однос на истиот месец од минатата година.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

 Од вкупно 222 објекти, на 116 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Од вкупниот број издадени одобренија 116 (52.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.5 %)  за објекти од нискоградба и 65 (29.3 %) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38 951 м2.

Слично

Поврзани вести