Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се гради патот кон езерото Мантово

Се гради патот кон езерото Мантово

Започна да се гради патот кон езерото Мантово, кој ќе го поврзе Штип со Општина Конче, но и со најблиската акумулација. Делницата е долга 4.5 километри

Според новиот градоначалник на Штип, Илчо Захариев како еден од најзначајните локални патишта што ќе поврзува две општини, тоа е патот од 20-ти километар, до браната Мантово.

„Понатаму си го презема Општина Конче, со што Конче и Штип ќе бидат поврзани со убав пат. Штипјани од 1 јуни ќе можат често да патуваат до акумулацијата Мантово, едно од најубавите вештачки езера, кое дел се наоѓа и на штипска територија, а за до таму ќе имаат асфалтен пат“, вели Захариев.

Изградбата на патот од 20-тиот километар до езерото Мантово чини околу 500.000 евра и  се реализира преку Агенцијата за патишта, а е финансиски поддржан преку Европската банка за обнова и развој.

Слично

Поврзани вести