Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се гради монтажна болница со 130 кревети веднаш до Инфективна

Се гради монтажна болница со 130 кревети веднаш до Инфективна

Венко Филипче, министерот за здравство, информира дека се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. 

„Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус“, објави министерот.

Во расчистувањето на теренот помогна армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство кои овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби заради побрзо справување со коронавирусот.


Слично

Поврзани вести