Се гради Македонско село на Водно, ќе има 12 куќи – по една од секој регион
Идниот месец ќе биде распишан јавен оглас за концесионер, а до јануари идната година завршен ќе биде комплексот Македонското село, кој се гради на Водно. Проектот ќе чини речиси 5 милиони евра, а пари дава Владата. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, ова е оправдано бидејќи со него ќе заживува туризмот во Македонија.
„Со изградбата на овој туристички производ и атракција во Скопје ќе се комплетира туристичката понуда“, изјави Ваљон Сарачини.
На јавната расправа во насока на изнаоѓање најквалитетен концесионер, кое министерството ја правеше со стопанските и туристичките комори, беше презентирано дека селото содржи 12 куќи кои ја претставуваат автентичноста на секој дел од земјава.
Куќа-претставник ќе има од беровскиот, тетовскиот, струшкот, гостиварскиот, прилепскиот, битолскиот крај, а зазема површина од 12 илјади метри квадратни. Од парите најфолем дел одат за градежни зафати, потоа и за ентериер.
Самото село ќе има два дела, селско- стопански двор и куќи за сместување туристи, но и музеј, амфитеатар, сувенирница, воденица и штали. За време на расправата свои мислења за селото изнесоа и претставниците на комори, за кои ова е добра можност туристите да ја запознаат нашата традиција иако Македонија е мала држава и брзо се пристигнува до туристичките локации.
За Мила Крстевска, од Стопанката комора за туризам, проектот е добар почеток за една туристичка тура на Скопје. Слично како во Стокхолм, додаде таа, шроект кој годишно прави 26 милиони евра.
Слично
