„СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАЗИТЕ“: Ски центарот Маврово од утре достапен за љубителите на ски спортовите
Со снежните врнежи кои пристигнаа во нашата земја, започна ски сезоната скоро насекаде.
Според најавите на Ски центарот Маврово, благодарение на снегот од утре почнува ски сеозната и таму.
- Снегот е тука! Ски-сезоната 25/26 официјално започнува во вторник, 13.01.2026. Добредојдени и се гледаме на стазите! - стои во нивната објава.
Од Ски центарот споделија и новина, а тоа е набавка на нови ратраци, кои пристигнале пред почетокот на оваа година.
- Големи новости од Ски Центар Маврово! Со задоволство ве информираме дека набавивме две нови ратраци (машини за уредување на патеки), кои пристигнаа непосредно пред Нова Година. Со овој зголемен капацитет, отсега ќе можеме да ги уредуваме патеките подобро од кога било досега. Пред нас е една прекрасна сезона со многу забава о возбуда!
Ски-сезоната 25/26 официјално ја отвораме во вторник, 13.01.2026 - посочуваат од ски центарот.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
