СЕ ГЛЕДА ЛИ ДУИ СЕБЕ СИ КАКО СИГУРЕН ПАРТНЕР ЗА НОВАТА ВЛАДА - Османи на средба со Жбогар
Вицепремиерот за евроинтеграции и една од главните пејраници на ДУИ, Бујар Османи, денеска на средба со евроамбасадорот Жбогар.
Двајцата се согласиле дека на земјата и е потребна стабилна и функционална Влада.

„Прва средба по изборите со Евроамбасадорот Жбогар.
На земјата и е потребна стабилна и функционална Влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги започне претстојните преговори со Европската Унија, како и да биде гарант за регионалната стабилност“, напиша Османи на својот фејсбук профил.
Значи ли ова дека во ДУИ веќе се гледаат како сосема сигурен партнер за формирање на новата влада, со оглед што смеатаат дека таа треба да биде со европска перспектива и да ги започне претстојните преговори.
