Се формира Регистар на цените на недвижности во Македонија
Агенцијата за катастар за недвижности ќе формира Регистар на цените на недвижностите во Република Македонија, кој ќе содржи податоци за сите продажби и закупи на недвижностите достапни за граѓаните на интернет.
Регистарот треба да профункционира во првата половина на 2015 година, а освен ова Агенцијата ќе објавува и квартални, полугодишни и годишни извештати и анализи за движењето на пазарот на недвижности, најавува директорот Славче Трпевски.
„Бенефит од овој проект ќе имаат граѓаните, кои ќе можат да ја проверат цената на недвижноста пред да ја купат, придобивки ќе имаат и проценителите, банките, осигурителните компании, агенциите за недвижности и други субјекти, што ќе го користат регистерот на цени во секојдневната работа“, вели Трпевски.
Предвидено е во Регистерот да се водат податоци и за година на градба и реконструкција на објектот и материјалот на грабда.
Слично
