СЕ ЕКИПИРА АГЕНЦИЈАТА ШТО ТРЕБА ДА ЈА СЛЕДИ ПРИМЕНАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК - 13 нови вработувања, ќе има и советници за превод и за лекторирање
Се доекипира Агенцијата за примена на јазикот на земјава. Оваа нова институција планира да прими нови 13 вработени.
Огласите се објавени на веб страната на Агенцијата за администрација, како и во неколку дневни весници.
Еве кои кадри и се потребни на на Агенцијата за употреба на јазикот.
Се бара раководител на Оддлението за информатичка технологија, кој ќе зема плата од 30.560 денари.
Во оваа Агенција ќе има и едно интересно работно место, а тоа е ни помалку ни повеќе туку Советник за превод, кој ќе зема 27.017 денари плата. Исто така, ќе има и Советник за лекторирање, кој ќе ја зема истата плата, д 27.017 денари.
Во одделението за поддршка на директорот ќе има и помлад соработник за подготовка на материјали и информации, кој ќе зема 22.026 денари. Истата оваа плата ќе ја зема и помладиот соработник за односи со јавност, за кого е отворен оглас за таа работна позиција.
Износ на плата од 22.026 денари ќе го земаат и тројцата помлади соработници за превод, како и тројцата помлади соработници за лекторирање, но и вишиот соработник за буџет и буџетска контрола, како и помладиот соработник за материјално-финансиско работење,
Агенцијата за примена на јазикот што го зборува најмалку 20 отсто од населението во земјава е нова институција.
Таа се формираше по усвојувањето на последната верзија на Законот за јазици, со кој се прошири употребата на албанскиот јазик во земјава.
Нејзина примарна мисија е да обезбеди инститиционална употреба на албанскиот јазик и надзор како оди неговата имплементација.

Или, како што е наведено на нејзината веб страница, Агенцијата за примена на јазикот има мисија да изгради институционална средина која ги почитува уставните и законските обврски, го штити, промовира, зачувува и зајакнува јазичното право на сите граѓани на Република Северна Македонија, преку:изготвување јазични политики и обединување на административната терминологија во соработка со релевантни експерти и институции во и надвор од земјата,обука на преведувачи и лектори во сите институции во земјата,обезбедување и снабдување на софтверот за преведување со зборови и изрази за централни институции, давање правен совет на граѓаните за правото на мајчин јазик,тесна соработка со Инспекторатот за примена на јазикот и со сите релевантни државни институции,советување на Владата и на институциите во надлежност на Агенцијата во врска со усвојувањето и спроведувањето на мерките кои обезбедуваат употреба и еднаков статус на службените јазици,давање препораки до централните и општинските институции за поттикнување, поддршка и обезбедување на долгорочни, одржливи структурни решенија и стимулативна политика за користење на службените јазици во земјава.
Илбер Села е првиот Директор на Агенцијата за примена на јазикот. На оваа позиција дошол по, како што пишува на веб страницата, неговото големо искуство во доменот на цивилното и универзитетско општество.
Со Буџетот на земјава за оваа година на Агенцијата за примена на јазикот и е доделена сума на државни пари од 46 милиони денари, или 750 илјади евра.
Во Буџетот е наведено дека оваа институција има 19 вработени.
Н.Н.Ф.