Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЀ Е КАКО ДОСЕГА: НУЛА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СИНИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА, НУЛА КАЈ ЦРВЕНИТЕ ЗА КОЧАНИ“: Салиу за министерот Тошковски

„СЀ Е КАКО ДОСЕГА: НУЛА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СИНИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА, НУЛА КАЈ ЦРВЕНИТЕ ЗА КОЧАНИ“: Салиу за министерот Тошковски

Околу изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека ништо не е како досега и дека сега се работи без партиски мешања, се огласи новинарот Фуркан Салиу.
„Навистина не можам да не се изначудам на секојдневните изјави на Тошковски. Не било „како досега“, одговорноста немала партиска боја итн. Колкава самодоверба и храброст треба да имаш во себе за да вака зборуваш во ситуација кога апсолутно сè е како досега, само што сега е додадена црвената нијанса наместо сината која доминираше неколку години.

– Се апси обезбедувањето на премиерот, осомничено дека оддавало информации на криминална банда. Како дојде до тие информации лице кое треба да е вработено во Шестата управа? Знаеме дека обезбедувањето нема пристап до информации за тековни акции или истраги. Зошто никој друг не е уапсен? Или можеби првиот е „превентивно“ тргнат за да не почне да зборува?

– Шеесетина притворени за Кочани, но во актуелната владејачка структура нема ниту еден осомничен — затоа што, наводно, партиската боја не е битна?

Сè е „како досега“. Нула одговорност кај сините за модуларната болница во Тетово, Бугарија и Ласкарци. Нула одговорност кај црвените за Кочани.

Би сакал да дојде денот кога зборовите на Тошковски ќе станат реалност, но дотогаш — барем нека не го потценуваат разумот на народот. Затоа што е јасно: сè е КАКО ДОСЕГА“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести